Печени топчести ќофтиња со кашкавал
Печени топчести ќофтиња со кашкавал е јадење по кое сите ќе си ги излижат чиниите, а Американците често го прават за вечера.
Супер едноставни и сочни ќофтиња печени во рерна со доматен сос и кашкавал или топено сирење! Послужете со тестенини од тиквички или пире од компири.
За овој Рецепт (за 7 лица) е потребно:
- 1kg мелено Свинско или Говедско месо (или мешавина)
- 230gr рендана Моцарела
- 45gr рендан Пармезан
- 1 Јајце
- 250gr Доматно Пире
- 230gr рендана Моцарела за посипување
- Свеж Босилек или Магдонос за сервирање
Подготовка:
Загрејте ја рерната.
Загрејте ја рерната на 200°C.
Соединете ги состојките.
Во поголем сад измешајте ги меленото месо, моцарелата, пармезанот и јајцето. Садот за печење лесно премачкајте го со масло. Земете голема лажица од смесата, обликувајте топчиња и ставете ја во сад за печење.
Печете
Печете 15-20 минути, додека не се сварат топчињата. Се вади од рерна, се прелива со доматниот сос и се посипува со моцарела. Печете уште 5-10 минути додека не се растопи кашкавалот.
Послужете.
Украсете со свеж Mагдонос или Bосилек и послужете.