сабота, април 27, 2024
ЗанимливостиСелебрити

Чекам дете од Нејмар – Бруна Бјанкарди

Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди чекаат дете. Но, тука се поставува прашањето која е таа Бруна Бјанкарди. Славниот пар од неодамна соопшти радосна вест, кратко и јасно со насмевка на лицето „Чекам дете од Нејмар“, изјавила Бруна за национален магазин во Англија.

Така нивната врска станува многу по-интересна за јавноста, а посебно за медиумите, затоа што Нејмар ни самиот „незнае колку деца има“.

– кажа на прес-конференцијата уредникот Кристенсен.

Бруна има 29 години и родена е во Сао Паоло –  Бразил. Студирала маркетинг и се занимавала со манекенство, а потоа одлучила да биде инфлуенсерка. Рекламира луксузни модни брендови, помеѓу кои се наоѓа и Луи Витон. Нејзиното богатство е проценето на приближно два милиони долари.

Нејмар го запознала во 2020 година, така што бргу се задлабочиле во љубовната врска. На почетокот на нивната врска решиле да го сокријат фактот од јавноста дека се заедно во љубовна врска. Меѓутоа, нејзините зачестени патувања во Париз биле причина за секојдневни шпекулации.

Во Август 2021 година биле фотографирани од папараци како уживаат на Ибица, а во почетокот на 2022 година ги известија своите фанови дека се во длабока љубовна врска. Ја раскинале врската во Август минатата година, но набргу се смириле, а сега се во одлични односи.

Но, не заборавајте, бразилската футбалска мега ѕвезда Нејмар да Силва Сантос Јуниор, од поранешната љубовна врска со Каролина Дантас го има Дави Лука, својот 12 годишен син, роден во Сао Паоло на 24 Август 2011 година.

Сподели!