сабота, април 27, 2024
ВестиЗанимливостиТехнологија

Позната е цената за SAMSUNG Galaxy A24 во Европа

Galaxy A24 поседува 16,50 cm Super AMOLED екран, FHD+ резолуција со зум во форма на капка, во која е сместена селфи камера од 13 (13MP) мега пиксели. До сега, нема доволно информации околу некои нови освежувања околу фреквенцијата. Но, се шпекулира дека станува збор за 90Hz.

Најновиот член на Galaxy A серијата го покренува MediaTek Helio G99 процесор, во согласност со 6/8 GB RAM меморија и 128GB интерна меморија која може да се потроши преку Micro SD картичка. На задната страна се наоѓа главната камера од 50MP со оптичка стабилизација на фотографиите, како и ултра-широка камера од 5 и Macro камера од 2 MP.

Уредот користи Android 13 оепративен систем со OneUI 5.1 интерфејс, а го напојува батерија со капацитет од 5.000 mAh која поддржува полнење од 25W.

Овој Смарфон ќе биде достапен во Црна, Темно-Црвена, Зелена и Сребрена боја. Цената не е официјално објавена, но се шпекулира дека во Европа цената ќе биде за среќа помала од 200 евра.

Сподели!