вторник, јануари 14, 2025

Дали Прада ја презема модната куќа Версаче?

Дали Прада ја презема модната куќа Версаче? Крај на една ера или нов почеток во кој има место и за славната Донатела?

Не е новост дека модната куќа Версаче е на листата за продажба на пазарот и е во потрага по нов сопственик. Но, новост е тоа дека можеби големата и моќна компанија Прада Груп ќе го преземе овој познат бренд.

Модните озборувања во заднина неколку пати се покажаа како точни, и покрај фактот што може да испаднат како ексклузивни озборувања. Но, пазарот брзо реагираше на веста која ја споделија големите портали како Ројтерс во делот на економија и пазарни инвестиции, бидејќи најновата вест е дека Групацијата Прада е име кое е заинтересирано да ја преземе модната куќа Версаче која Капри Холдингс ја стави на продажба.

Дека Версаче е на продажба не е тајна, особено затоа што Tapestry, компанијата која е сопственик на Coach, се повлече од договорот вреден 8,5 милијарди долари за купување на Capri, сопственост на Мајкл Корс, а ги вклучува брендовите Versace, Jimmy Choo и Michael Kors. Кои се борат со падот на продажбата во глобалниот луксузен сектор.

Засега Групацијата Прада, која ги вклучува брендовите Prada, Miu Miu, Church’s, Car Shoe и Marchesi 1824 и која веќе се обиде да ја преземе модната куќа во 2018 година, одбива да ја коментира веста. Се подразбира дека сезона по сезона, Miu Miu и Prada бележат стабилен глобален раст, потврдувајќи ја Miuccia Prada како едно од најважните модни имиња на оваа возбудлива деловна сцена.

Miuccia-Prada

Меѓу овие гласини, многумина се загрижени за иднината на Донатела Версаче, бидејќи договорот на Версаче со сопственикот Капри Холдингс истекува многу брзо, во февруари.

Дали Донатела останува? Во каква комбинација е врзана за модната куќа што го носи нејзиното презиме, која во 1978 година ја лансираа нејзините браќа Џани Версаче и Санто Версаче? Компанија која постигна многу брз успех, усшех преку ноќ, станувајќи легенда во модната индустрија и културата воопшто.

Неколку години подоцна, помладата сестра на Џани, Донатела Версаче се приклува на компанијата за да го преземе водството на креативното дело, компанијата Версаче по убиството на нејзиниот брат Џани во Мајами на 15 јули 1997 година.

Versace-Spring-Summer-2018-Womens-Fashion-Show

Од самиот почеток, Џани Версаче се истакна со смел, иконски и препознатлив стил кој се карактеризира со барокни дезени и светли бои. Тука е и незаменливото лого на Медуза, а самиот Гани имаше почесно место во модниот универзум во 80-тите и 90-тите години. Тој исто така одигра многу значајна улога во подемот на кариерите на супермоделите како Наоми Кембел, Синди Крафорд, Марпеса Хенинк и Клаудија Шифер. Тој соработуваше со уметници како Енди Ворхол и дизајнираше костими за оперската куќа Ла Скала.

Џани Версаче - Дизајн

Првите години од ерата по Џани не беа лесни, а брендот се соочи со резултати далеку од славата на минатото. Како што продажбата слабееше и загубите се зголемуваа, улогата на Донатела Версаче често беше критикувана и доведена во прашање. Но, и покрај фактот што Донатела не е Џани, Версаче се опорави, а Донатела остана како креативен директор преку преземањето на компанијата во 2018 година од Capri Holdings, вредно 2,1 милијарди долари.

Јанг-Ми - Версаче

Таа продолжи да создава мода која е поддржана од бројни познати ѕвезди, меѓу нејзините амбасадори се Емили Ратајковски, Силијан Марфи и Ен Хатавеј, Сабрин Карпентер; додека пролетта 2023 година ја претстави заедничката колекција со Дуа Липа.

Заминувањето на Донатела од компанијата би било пресвртница во светот на модата. Таа е последниот Версаче кој има активна улога во брендот, а покрај улогата на дизајнер, Донатела е една од оние познати личности кои ги поврзуваат модата, животниот стил и општествениот ангажман, за што и беше доделена титулата Голем офицер – Орден за Заслуги на Италијанската Република, тоа е една од највисоките италијански граѓански почести.

Дали моќната Прада ќе го преземе Версаче останува да видиме, но останува чувството дека заврши уште една модна ера.

Сподели!