Првите симптоми и раните знаци на бременост
Симптомите на бременост, особено раните, не се секогаш е лесно да се препознаат.Најчесто првиот класичен симптом е
доцнење на меструалниот циклус,гадење, повраќање и осетливост на градите.
Имаат ли сите жени рани симптоми на бременост?
Бременоста е искуство што никогаш не се повторува на ист начин – секоја жена ја доживува различно, а тоа особено важи за првите симптоми. Многу од раните знаци на бременост често се преклопуваат со симптомите кои ги доживуваме пред или за време на менструалниот циклус.
Секоја бременост е приказна за себе. Симптомите може да се разликуваат не само од жена до жена, туку и кај иста жена – од една бременост до друга. Токму поради тоа, не постои универзален „рецепт“ за тоа како изгледа почетокот на бременоста.
Може ли симптомите да значат и нешто друго?
Да, и тоа е многу важно да се знае. Раните симптоми на бременост може да се предизвикани и од други телесни или хормонални состојби. Единствен начин да се потврди бременоста со сигурност е преку тестирање на хормонот β-HCG (бета ХЦГ) во крвта. Неколку дена по оплодувањето, јајце-клетката се вгнездува во матката, што може да доведе до појава на некои од следните симптоми:
Главни рани знаци на бременост
1. Благо крвавење и грчеви (имплантациско крварење)
Се јавуваат 6-12 дена по зачнувањето, и често се мешаат со почеток на менструација. Разликата? Крварењето е многу послабо, а грчевите понежни.
2. Бел млечен исцедок
Поради хормоналните промени, вагиналниот исцедок се зголемува, но ако е без мирис и не предизвикува иритација, не е причина за загриженост.
3. Осетливи, потечени и потемнети гради
Под влијание на естрогенот и прогестеронот, градите стануваат понапнати, а ареолата може да потемни. Често се појавува и видлива венска мрежа.
4. Утринска мачнина (со или без повраќање)
Познат симптом, но не се јавува кај сите.
5. Умор и поспаност
Прогестеронот го „заспива“ телото. Дури и една недела по зачнувањето, може да се чуствувате многу уморни.
6. Изостанување на менструацијата
Најјасниот знак – и најчестиот момент кога жените посегнуваат по тест за бременост. Но, доцнењето на циклусот може да има и други причини: стрес, инфекции, хормонални нарушувања.
Други можни симптоми
Промени во расположението: Еден момент се смееш, следниот плачеш на реклама за сирење – хормоните си го прават своето.
Главоболка и болки во грбот: Чести и умерени, но досадни.
Вртоглавици и несвестици: Поради понизок крвен притисок и хормонални промени.
Често мокрење: Почнува од 6-та до 8-та недела. Матката врши притисок врз мочниот меур.
Запек: Прогестеронот ја забавува работата на цревата.
Покачена базална температура: Може да биде еден од најраните показатели ако ја следите телесната температура.

Дали навистина сум бремена?
Па… не мора да значи. Многу од овие симптоми може да укажуваат и на предменструален синдром, настинка или променет хормонален баланс. Од друга страна, можно е да сте бремени и без да почувствувате апсолутно ништо од наведеното.
Ако ви доцни циклусот или препознавате некој од симптомите, направете домашен тест за бременост – особено ако вашиот менструален циклус е непредвидлив. За конечна потврда и следни чекори, консултирајте се со гинеколог. Колку порано се потврди бременоста, толку побрзо можете да почнете со соодветна пренатална грижа.