Овие симптоми може да укажуваат на тромб
Тромбовите можат да се појават без предупредување и да бидат опасни по живот. Препознајте ги клучните симптоми.
Крвните тромби, иако се природен дел од механизмот за згрутчување на крвта и спречување на крварење, понекогаш можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето – особено кога се појавуваат без очигледна причина. Нивното присуство може да доведе до потенцијално животозагрозувачки состојби како срцев или мозочен удар.
Најчесто, тромбот се формира во вените, но не е исклучено да се појави и на други места во циркулаторниот систем. Кога ќе го блокира протокот на крв, целосно или делумно, тоа може да предизвика разни симптоми и компликации – од оток и болка до сериозни оштетувања на органите.
Кои се ризик-факторите за појава на тромб?
-
Повреди и операции
-
Долготрајно мирување (на пр. по болничко лекување)
-
Долги периоди на седење, особено при патувања
-
Забавена циркулација
-
Хронични заболувања: дијабетес, висок холестерол, дебелина
-
Недоволна физичка активност
Најчести видови и симптоми на тромб:
Длабока венска тромбоза (DVT)
Обично се јавува во нозете и може да предизвика:
-
Отоци
-
Болка и чувство на тежина
-
Црвенило или промена на бојата на кожата
-
Затегнатост во мускулите

Плуќна емболија
Кога дел од тромбот се одделува и патува до белите дробови, се јавуваат:
-
Оштетено дишење
-
Болка во градите
-
Убрзан пулс
-
Крвав искашлувањe
-
Во некои случаи, симптомите можат целосно да изостанат, што ја прави состојбата уште поопасна.
Тромб во срцето
-
Ненадејна болка во градите
-
Неправилен или забрзан срцев ритам
-
Краток здив
-
Мачнина и чувство на слабост

Тромб во мозокот
-
Ненадејна силна главоболка
-
Пореметен говор
-
Губење на чувство или слабост на едната страна од телото
-
Напади слични на епилепсија
Тромб во бубрезите
-
Крв во урината
-
Намалена потреба за мокрење
-
Болка во долниот дел од грбот
Тромб во стомакот
Иако често се без симптоми, можат да доведат до:
-
Јака стомачна болка
-
Повраќање со траги од крв
-
Црна столица (знак за внатрешно крварење)
Што да направите?
При појава на некој од овие симптоми – особено ако се појават нагло – потребно е веднаш да се побара медицинска помош. Брзата дијагноза и третман можат буквално да спасат живот.

