Напад на таткото и братот на Невена Спасеска
Вчера на детски роденден биле нападнати таткото и братот на Невена Спасеска!
Случајот со Невена Спасеска е познат на јавноста, откако мајката јавно излезе на телевизија и кажа дека по разводот со нејзиниот сопруг од Охрид, Основниот суд во Охрид, а потоа и Апелациониот суд во Битола и пресудија четиригодишното дете да и биде одземено и да му припадне на таткото – без валидна правна и човечка основа, вели таа. Но подоцна Врховниот суд ја поништи пресудата и случајот беше вратен на повторна постапка.
Поранешниот сопруг сигурно незадоволен од ова неколку пати направи инциденти. Тој е познат и по инцидентот во кој бил вклучен напад врз пратеничката Славјанка Петровска.
Вчера исто така имало напад и тоа токму на роденденот на нивниот син. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал по нив.
Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв.
Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.