Лице избодено со нож во Скопје
Лишено е од слобода лицето кое вчеравечер во Скопје физички и со нож нападна жител на Сопиште, следува соодветна пријава.
На 08.10.2025 во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Поврзан наслов со оваа тема:
Судијата Ѓоко Ристов криел 350.000 евра зад ѕидна плочка во кујната – полицијата откри детали од претресотНожот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.









