Денес се слави Света Ефросинија, ако имате ќерки направете го ова!

Занимливости

Света Ефросинија Александриска се слави како чуварка на женската мудрост и сила и застапничка за помирување меѓу родители и деца.

На 8 октомври православната црква го слави споменот на Света преподобна Ефросинија Александриска – светителка која со вера, храброст и смирение му го посветила животот на Бога. Таа е родена во богато семејство во Александрија, но уште од младост ја одбила удобноста и славата, барајќи духовна длабочина и вистински мир.

Кога татко ѝ сакал да ја омажи, Ефросинија ја напуштила куќата, се преправила во маж и се замонашила во машки манастир под името Смаила. Таму живеела скромно и во постојана молитва, криeјќи ја својата вистинска природа до крајот на животот.

Кога имала триесет и осум години, во манастирот дошол нејзиниот татко Пафнутиј, тажен поради исчезнувањето на својата единствена ќерка. Игуменот го испратил кај Измарагд, познат по духовната мудрост, за да добие утеха.

ефросинија

 

Во разговорот, Пафнутиј не ја препознал, но Ефросинија го познала него. Го слушала неговото плачење и копнежот по изгубената ќерка. Длабоко погодена, му рекла:

„Не губи надеж – наскоро ќе ја видиш својата ќерка.“

Таткото се вратил по три дена и го затекнал Измарагд на смртничка постела. Тогаш таа му ја открила вистината:

„Јас сум твојата ќерка Ефросинија… За љубов кон Господ ја оставив славата на светот.“

Потресен, Пафнутиј плачел над својата ќерка, која токму во тој миг го предала својот дух на Бога.

На гробот на светата Ефросинија и нејзиниот татко, низ вековите доаѓале многу верници особено болни и обесхрабрени, барајќи исцеление и духовен мир. Преданието вели дека оние што се молат со чисто срце добиваат сила, надеж и внатрешен мир.

Светицата денес се смета за застапничка за помирување меѓу родители и деца, чуварка на женската мудрост и внатрешна сила, денес се помируваат татковците и ќерките.

Молитва кон Света Ефросинија Александриска:

О, света мајко Ефросинија,
ти што со смирение и вера го најде патот до вечната светлина,
погледни на нас, твоите чеда,
и заштити ги сите ќерки и мајки што бараат мудрост, трпение и мир.

Помири ги родителите со децата,
врати љубов таму каде што има раздор,
и научи нè да ја гледаме Божјата волја во секој ден.

Дарувај ни сила да го носиме животниот товар со спокојство,
и срца исполнети со добрина и разбирање.
По твоите молитви, нека владее мир во секој дом
и љубов во секое семејство.

Амин.