Во Тетово фатено лице, вршело посредување во вршење проституција
Претрес во Тетово, лишено од слобода едно лице поради сомнение за посредување во вршење проституција.
На 13.09.2025 во 11:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.Н.(59) од Тетово. Во неговиот дом и помошни простории, согласно судска наредба, извршен е претрес поради основано сомнение дека сторил кривично дело казниво по член 191 од Кривичниот законик.
Поврзан наслов со оваа тема:
Судијата Ѓоко Ристов криел 350.000 евра зад ѕидна плочка во кујната – полицијата откри детали од претресотПретходно, на 11.09.2025, при акциска контрола во неговиот угостителски објект на улица „Јане Сандански”, поради истото сомнение од слобода беше лишена 41- годишната Г.Ш. од с.Бојане, скопско.
Т.Н. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.









