Чекор по чекор како на партнерот да му дадеш еротска масажа
Еротската масажа е повеќе од предигра. Таа е интимен дијалог без зборови. Не мора да ја завршите со оргазам – може и со насмевка.
Спојот на масажа и секс е како вино и сирење – совршено е. Жените сè почесто се впуштаат во еротски масажи – било за самопочит, подобрување на либидото или за лекување од сексуална срамежливост. Ако идејата за професионалена еротска масажа ти звучи малку преамбициозно (или прескапо), зошто да не ја пренесеш магијата дома со партнерот?
Според д-р Џени Скајлер, сексуален терапевт и директор на Институтот за интимност, масажата е „мапа за откривање на ерогените точки“. Со други зборови: учиш каде точно се крие „магичнато копче“.
Водич Чекор по Чекор
1. Подготви ја сцената
Ако просторот изгледа како секој ден, романтиката ќе ти избега. Исчисти, замрачи ја собата, запали свеќи, пушти тивка музика и исклучи ги телефоните – освен ако не сакате некој да ве прекине.
2. Набави специјално масло за масажа
Избери природно масло – кокосово, јојоба или масло од грозје. Загреј го со триење меѓу дланките. Не претерувај – со маслото и со брзината. Почни со малку па потоа додавај.
3. Ставете јасни правила и скала на сензации
Нека партнерот ти каже дали нешто му е пријатно (5–6 на скала од 0 до 10), или премногу (8 = стоп). Договорете се каде се можете да масирате можеби првиот пат нема да ви биде дозволено на оние места.
4. Земи здив и постави “grounding touch”
Ставете ги дланките на грбот на вашиот партнер/ка. Без движење. Поврзете се. Ова е сигнал: „Овде сум со тебе.“
5. Големи, бавни, лизгачки движења
Почни од рамениците, па полека надолу кон крстот и колковите. Потоа повторно нагоре, секојпат фаќајќи поголема површина. Сето тоа во ритам кој кажува: „Сега заборави на времето.“
6. Премини кон екстремитетите
Масирај ги рацете, нозете, стапалата… не прескокнувај го вратот и темето – тие се како тајни копчиња за стимулација.
7. Еротските зони
Нежни допири на внатрешните бутови, задникот, градите… ништо интензивно засега. Кога телото ќе „моли“, тогаш се преминува кон следниот чекор. Ако партнерот ти каже: „Слободно…“, тоа е зелено светло, но и тогаш – биди џентлмен.
8. Генитална масажа – полека, свесно и со стил
Вулканот е веќе активен? Совршено. Но не се фрлај во секс веднаш– кружи околу клиторисот, или со рака нежно помини по пенисот. Играј си со притисокот, ритамот и очекувањата. Ќе дојде моментот кога и самото допирање ќе е доволно за да експлодира желбата и ќе бара…
9. Додај секс играчки ако сакате
Од вибратори до ленти за врзување – зошто не тие се супер за одлична масажа? Само немој да го ставиш вибратор на највисоката брзина директно на клиторисот бидејќи тој ќе заврши работа место тебе. Освен ако партнерот не го сака тоа.
10. Проверувај како се чувствува партнерот
Менуваш техника? Прашај: „Така или вака?“ Но направи го тоа секси, не како да си на преглед кај физиотерапевт.
11. Разменете улоги
Може да се договорите 20 минути она па да имате секс малку одмор, па потоа таа да ве масира вас за нова секс партија.