Бред Пит со најискреното интервју досега

ЗанимливостиСелебритиФилм

Бред Пит во досега најискреното интервју зборува за својата „пропуштена геј фаза“, борбата со зависноста, искуството во АА и последиците од бракот со Анџелина Џоли. Сето тоа на духовит начин.

Холивудската ѕвезда и добитник на Оскар, Бред Пит (61), повторно го сврте вниманието на јавноста – но овој пат поради крајно отворено и необично интервју. Гостувајќи во подкастот Armchair Expert кај пријателот Декс Шепард, Пит на шега проговори за своето „пропуштено геј искуство“, борбата со зависноста, и емотивниот пад по крајот на вториот брак.

Сè започна со невино прашање од Декс Шепард: „Со оглед на начинот на кој се запознавме, дали се чувствуваше нервозно?“ Пит, со својствена иронична нота, врати: „Мислиш сексуално?“ Потоа, со смеење додаде:

„Никогаш немав геј искуство. Го промашив тој период. Ама ако имав – не би биле јас и ти.“

Шепард се преправаше разочарано: „Ох човек, мислев ќе го кажеш тоа…“
На што Пит саркастично одговори: „Би ми бил можеби четиринаесетти. Или петнаесетти. Треба да се загрее човек прво, знаеш.“

Подлабоко во разговорот, Пит проговори и за темната фаза во неговиот живот. По болниот крај на бракот, призна дека бил буквално „на колена“ и во очај барал начин да се ресетира. „Се обидував со сè што ми доаѓаше пред мене. Ми требаше рестарт.“

По разводот од Анџелина Џоли во 2016, Пит влезе во Алкохоличари Анонимни (АА) – искуство што му го промени животот. „На почетокот се плашев да зборувам, но сите беа толку искрени што ми дадоа дозвола и јас да се отворам. И се вљубив во тој процес.“

Откри дека алкохолот не бил неговата единствена зависност. Во деведесеттите, славата го претворила во „пустински монах“, како што се изрази: „Само пушев џоинт по џоинт додека еден ден не се изгубив.“

Анџелина Џоли и Бред Пит
Анџелина Џоли и Бред Пит

Во 2020, на еден настан, откри дека благодарение на Бредли Купер успеал да се избори со зависноста: „Ми помогна да се ослободам и секој ден оттогаш е подобар.“

Пит помина низ тежок период со разводот со Анџелина Џоли, кој официјално заврши дури во декември 2024, беше еден од највалканите холивудски судски процеси. Од тужби околу замокот и виното во Франција (Château Miraval), до битки за старателство над шесте деца – Мадокс (23), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19), и близнаците Нокс и Вивиен (16).

Бред и Инес
Бред и Инес

Денес, Бред Пит ужива во врска со 32-годишната Инес де Рамон, менаџерка во индустријата за накит, со која живее во Лос Анџелес. Изворите велат дека врската е „мирна, стабилна и искрена“ – нешто што Пит очигледно го ценел по сите турбуленции.