Загатка за луѓе со висок IQ: Кој е убиецот во ресторанот?
Откриј кој е убиецот во ресторанот преку оваа IQ загатка. Тестирај ја твојата моќ на забележување и логичко размислување за само 15 секунди.
Оваа визуелна загатка не е само за забава – туку е вистински тест за твојата логика, интуиција и острина на умот. Те предизвикуваме: можеш ли да откриеш кој ја убил жената во ресторанот – и тоа за помалку од 15 секунди?
Сценарио:
Жена е пронајдена мртва во тоалетот на еден ресторан. Постои еден убиец. Сликата што ја гледаш прикажува пет осомничени – твојата задача е да утврдиш кој од нив е вистинскиот сторител. Звучи едноставно? Не се залетувај – одговорот е скриен зад детали што бараат аналитичко размислување.

Осомничени се:
-
Мажот во сина кошула, седи на десната страна од ресторанот.
-
Маж во виолетова кошула, седи во центарот на ресторанот.
-
Жена во розов фустан, седи во десниот агол.
-
Маж во сина кошула, седи на левата страна, блиску до тоалетот.
-
Келнерот, носи пијалоци и храна.
Податоци од сцената на злосторството:
Постои само еден убиец. Нема сведоци. Единствено што имаш пред себе е моментална слика од ресторанот и потреба за брзо размислување.
А сега следи и одговорот кој се надеваме дека сите точно одговоривте.
Одговор:
Осомничен број 4 е убиецот.
Еве зошто:
-
Седи најблиску до тоалетот, местото каде што се случило убиството.
-
Изгледа нервозно и исплашено, за разлика од другите кои делуваат смирено.
-
Недостига нож од неговиот прибор – додека сите други имаат цел комплет.
-
Кошулата му е скината во долниот дел.
-
Идентично парче платно е најдено покрај телото на жртвата.
-
Има гребаница на вратот, што укажува на борба.
Сите овие елементи водат до еден заклучок – број 4 е виновникот.

