Барселона сака да го доведе Рашфорд на позајмица

Спорт

Барселона подготвува понуда за Маркус Рашфорд, со намера да го доведе на позајмица од Манчестер Јунајтед. Каталонците бараат Јунајтед да покрие дел од неговата огромна плата.

Маркос Рашфорд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед кој моментално е во немилост кај „црвените ѓаволи“, ги разбуди шпекулациите откако изрази желба да заигра во Шпанија – и тоа рамо до рамо со младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Според последните информации од англиските медиуми, токму Барселона сериозно ја разгледува можноста да го доведе Рашфорд на едногодишна позајмица. Каталонците сакаат Јунајтед да покрие дел од неговата астрономска плата од над 300.000 фунти неделно, што е една од главните пречки за реализација на зделката.

Маркус Рашфорд
Маркус Рашфорд

Јунајтед се отворени за договор, но инсистираат на одредена компензација во форма на позајмица и субвенција. Рашфорд минатата сезона ја заврши во редовите на Астон Вила, каде постигна само два гола на десет натпревари – далеку од формата што го прослави како една од најголемите надежи на англискиот фудбал.

Иако Барса го има Нико Вилијамс од Атлетик Билбао како приоритетна мета во нападот, интересот за Рашфорд не е исклучен – токму поради неговата флексибилност и способност да игра на неколку позиции во офанзивната линија.

Паралелно со тоа, и турскиот гигант Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата со Џејдон Санчо, уште еден фудбалер на Јунајтед кој одамна не е дел од плановите на тимот и кој последен пат одигра натпревар за клубот пред 18 месеци. Санчо веќе мина низ два неуспешни заем-периоди во Борусија Дортмунд и Челси.

Џејдон Санчо
Џејдон Санчо

Се чини дека на Олд Трафорд се подготвуваат за голема летна реконструкција, а потенцијалното заминување на Рашфорд во Барселона би можело да биде клучниот потег што ќе ја раздвижи летната трансфер пазар сцена.