Ананас – природен лек и „крал на овошјето“

ЗдравјеИсхранаСлабеење

Ананас е овошје кое содржи бромелин, кој помага при варење на храната, слабеење, превенција од рак и подмладување на кожата.

Ананас како природен лек

Истражувањата потврдуваат дека ананасот е далеку повеќе од егзотичен плод. Научниците од Институтот за медицинско истражување во Квинсленд открија дека молекулите на ова овошје содржат силен антиканцероген агенс. Супстанцата бромелин, изолирана од кората на ананасот, има потенцијал за развој на нови лекови против рак.


Ананасот како козметички магионичар

Подмладување и нега на кожата

Ананасот ја храни кожата, ја одржува влажноста, ги чисти порите и се бори против брчките. Благодарение на активните ензими ја подобрува еластичноста и го забавува стареењето, оставајќи ја кожата свежа и сјајна.

Борец против целулит и килограми

Со забрзување на метаболизмот и согорувањето на маснотиите, ананасот е еден од најуспешните природни сојузници во борбата со целулитот и вишокот килограми.

Ананас pineapple


„Кралот на овошјето“ и неговиот состав

Познат под латинското име Ananas comosus, ананасот е богат со:

  • минерали: калциум, калиум, магнезиум, фосфор, манган, железо, јод, цинк,
  • витамини: провитамин А, витамини од групите Е, С и Б,
  • ензими: особено бромелин, сличен на пепсинот во човечкиот организам, кој помага во варење и дигестија на протеините.

Здравствени придобивки од ананасот

Болести и состојби

Ананасот е корисен при:

  • заболувања на бели дробови и бронхитис,
  • анорексија и лошо варење,
  • алергии и артеросклероза,
  • симптоми поврзани со рак.

Дополнителни ефекти

  • го заштитува телото од стрес,
  • делува благотворно врз гастроинтестиналниот тракт,
  • ја намалува болката,
  • може да помогне при забрзување на породување кога доцни.

Традиционална примена

Коренот и плодот на ананасот се користат како природен лек против воспаленија на кожата. На Филипините, пак, ананасот традиционално се применува за чистење на организмот од паразити.