Насилни малолетнички тепале девојче во Карпош и го снимиле
Две насилни малолетнички, тепале врсничка во Карпош, ја снимале и видеото го објавиле на социјалните мрежи.
На 10.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По завршувањето на истрагата, ќе следува соодветна пријава против сторителките.
Ова не е прв случај деновиве на врсничко насилство, ситуацијата станува загрижувачка, многу е важно да се има превенција и контрола на насилството меѓу малолетниците и одговорно користење на социјалните мрежи.