Кој сака да биде Милионер: Неуспешни три џокери на прашање за билијард

ЗанимливостиХрватска

Натпреварувач во „Кој сака да биде Милионер“ ги користи сите џокери на прашање за билијард, но сепак промашува и ја напушта играта со само 150 евра.

Во најновата епизода на популарното квиз-шоу „Кој сака да биде милионер“, натпреварувачот Марио Жувела од Загреб се најде во бизарна ситуација – потроши сите три џокери на едно исто прашање и сепак промаши, оставајќи ја играта со само 150 евра.

Жувела се претстави пред публиката како контрабасист од Загреб, а откри и дека доколку ги освои големите пари би сакал да отпатува во Монтевидео. Стартот му беше повеќе од успешен – без никаква помош стигна до девет точни одговори и заработи 2.500 евра.

Но, десеттото прашање го фати на „лева нога“. На екранот се појави дилемата:

„Иако едното е ‘полно’, а другото е ‘празно’, кои две билијардски топчиња се претежно обоени во иста боја?“


Погледнете го видеото, ова е цела прва епизода од новата сезона – 2.10.2025:

Првиот потег му беше џокерот „прашај ја публиката“. Резултатите беа збунувачки: 50% од гласовите отидоа за одговорот а) три и девет, 0% за б) три и десет, 12% за в) три и единаесет, и 38% за г) три и дванаесет.

Не сакајќи да ризикува, Жувела се реши да го искористи и вториот џокер – повик до пријател. Сепак, времето истече пред неговиот пријател да одговори, оставајќи го во уште поголема дилема.

Последната шанса му беше „50-50“. Системот ги елиминираше опциите а) и б), оставајќи му ги само одговорите в) три и единаесет и г) три и дванаесет. Верувајќи во публиката, натпреварувачот се реши за г) три и дванаесет.

Сепак, точниот одговор беше в) три и единаесет. Со тоа, неговото патување кон милионот заврши, а Жувела си замина дома со симболични 150 евра.