Маж од Берово извршил полов напад на девојче од 12 години
Маж од Берово намамил 12 годишно девојче во хотел во Битола и извршил полов напад!
Вчера утрото, 68 годишен маж од Берово бил уапсен во хотел во Битола, бидејќи намамил и извршил полов напад на 12 годишно девојче. Оваа вест ја згрози македоснката јавност, а нормално јавноста очекува најстрога казна за сторителот.
На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од КЗ.
Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.