Најубавото село во светот се наоѓа во Хрватска
Најубавото село во светот се наоѓа во Хрватска, а идеално време за посета е токму во есен.
Во конкуренција од 54 туристички села, токму Растоке ја доби титулата „најубаво село на светот“, признание кое го додели Светската туристичка организација. Ако човек ги види сликите, веднаш сфаќа дека не е само туристичка реклама – туку живо сведоштво за хармонија меѓу природа, традиција и легенди.
Пред две години, Растоке ја освои ласкавата титула за најубаво село во светот, а денес тие се една од најпосебните дестинации за сите оние кои бараат мир, природа, но и духот на старите времиња и традицијата. Бидејќи е особено бајковито во есен, ова е вистинско време да го посетите. Ако немате планови за овој викенд, земете ги пасошите и одете во Хрватска.
Стари дрвени куќи се кренати буквално над водопади. Порано имало педесетина, денеска помалку, ама сеуште раскажуваат приказни за минати времиња. Во ноќите, според верувањата, самовилите излегувале од шумите, ги земале коњите на тајни игри и ги враќале наутро со исплетени гриви. Овие приказни сè уште се прераскажуваат меѓу мештаните денес, а локалните занаетчии изработуваат ракотворби и скулптури од самовили што го збогатуваат туристичкото искуство во Расток.
Реката Слуњчица што се спушта низ водопадите и се влева во реката Корана, крцкањето на старите воденици и локалните јадења – сето ова го прави совршено викенд-бегство. И сето ова на само еден и пол час возење од Загреб!
За оние што бараат мир – идеално за нив е прошетка покрај реката Слуњчица. За авантуристите – тука се рафтинг, кајак, риболов и велосипедски тури. За гурманите – топла говедска супа, јагне на ражен и штрудли, плус домашна ракија која има освоено многу светски награди.