Шест месеци без правда за Кочани

ВестиМакедонија

Вчера беа одбележани шест месеци од несреќата во Кочани, во дискотеката “Пулс”.

Граѓаните вчера се собраа на Плошдатот Македонија во Скопје да оддадат почит на 62-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, која се случи пред шест месеци. Присутните со своите телефони, направија ѕвездено небо, како знак на сеќавање на младите 62 лица кои несреќно го изгубија животот во страшниот пожар, во Дискотеката Пулс.

Имаше многу слогани, каде бараат правда за Кочани, дека децата не ги уби несреќата туку корупцијата. Според организаторите ова не било несреќа туку масакар, убиство на млади лица кои тек почнуваа со својот живот.

протест за кочани ѕвездено небо
протест за кочани ѕвездено небо

На овој собир претходно преку социјалните мрежи повикаа иницијативите „Кој е следен?“ и од Студентското пленумско движење, кои порачаа дека покрај тага, постои и гнев поради непостапувањето.

Освен во Скопје, вчера мирен собир имаше и во Кочани, познатиот „Марш на ангелите“ , каде родителите на загинатите деца секој викенд имаат протести во Кочани, се уште бараат правда за нивните деца. Мирен протсет вчера имаше и во Штип, каде исто беше направено ѕвездено небо, за младите лица кои го загубија својот живот.

Mars kocani 6 meseci 9
Марш на Ангелите Кочани

За трагедијата во Кочани на 13 јуни беше поднесено обвинение за 34 лица, но тоа сè уште чека оценка од Основниот кривичен суд во Скопје, кој може да го прифати обвинението или да го врати на доработка.