Француска Салата
Француска Салата – Кралица на секоја празнична трпеза е секако некоја верзија на оваа салата.
Има различни варијации на оваа салата, а ние се одлучивме за верзијата со сок од јаболко и Лимон за малку поинтензивен, но и освежителен вкус.
Може да се јаде и без, но сепак добра е и со Шунка или нешто потпечено. Прилагодете ги состојките по ваш вкус и уживајте.
За овој Рецепт (за 8 порции) е потребно:
- 450gr Грашок (замрзнат)
- 400gr Компири (варени во кора)
- 400gr Моркови
- 200gr Кисели Краставички
- 400gr Мајонез
- 100gr Милерам
- 1 лажица Сенф
- 3 Јајца (тврдо варени)
- Сол (по вкус)
- Бел Пипер (по вкус)
Подготовка
- Подгответе го зеленчукот и јајцата
Зеленчукот и тврдо варените јајца исчистете ги и исечкајте ги на коцки. - Гответе
Истурете вода во тенџере, додадете исечени моркови, грашок, сол по вкус и почекајте водата да зоврие. После тоа, варете уште 8 до 10 минути. - Измешајте ги состојките
Во поголем сад ставете го мајонезот, додадете ги сенфот, ренот и убаво измешајте. - Направете ја француската салата и оладете ја
Варениот зеленчук исцедете го и додајте го во смесата со мајонез, заедно со исечените јајца, краставици и компири.
Додадете сол и бибер по вкус.
Нежно измешајте и ставете во фрижидер да се излади добро.