среда, јануари 15, 2025

Хот Дог Мафини – Лиснато тесто со Виршла

Како се прават Хот Дог Мафини или Лиснато со Виршла во нашите локални фурни низ градот, кои не повикуваат наутро со нивниот сочен мирис на свежо печено тесто.

Солената верзија на мафини секогаш не воодушевува. Во сочното тесто додадете парчиња сварена Виршла и послужете со меден сенф или сос по ваш избор.

За овој Рецепт (за 6 лица) е потребно:

  • 60 гр Брашно
  • 90 гр Пченкарен Гриз
  • 1 лажица Шеќер
  • ½ лажичка Прашок за Пециво
  • ¼ лажичка Сол
  • 120ml Јогурт
  • 1 Jајце
  • 50ml Растително Масло
  • 50gr  рендана Гауда
  • 6 парчиња Виршли

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната
    Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за мафини намачкајте ги со масло.
  • Подгответе ја смесата
    Сувите состојки соединете ги во сад. Направете дупка во средината на состојките и прелијте ги со јогуртот, маслото и јајцето.
    Измешајте ги состојките со жица додека не се соединат. На крај додадете го ренданото сирење.
  • Испечете го тестото
    Поделете ја смесата рамномерно во калапи за мафини и ставете по една виршла во центарот на секој калап за да стои високо.
    Префрлете ги калапите во рерна и печете 15-18 минути. Послужете веднаш со сос по ваш избор и уживајте.
Сподели!