Џастин Бибер размислува да се врати на музичката сцена
Џастин Бибер по четиригодишна пауза размислува да се врати на музичката сцена.
Според Daily Mail враќањето на Џастин Бибер е планирано за оваа година. Се истакнува дека пејачот е мотивиран и полн со енергија да ја продолжи кариерата по долгата пауза, неговиот последен албум „Justice“ е објавен во 2021 година. Исто така, изворот додал дека на Бибер му требаат пари и дека е многу мотивиран за следните предизвици.
„На канадската поп ѕвезда и требаат пари и сака многу да работи“
– наведуваат од Daily Mail.
Инаку, во август минатата година Џастин и неговата сопруга Хејли Бибер го добија своето прво дете – синот Џек Блуз, а на агенцијата за организација на настани AEG, Џастин Бибер и должи турнеја што ја откажа во 2023 година.
Инаку, ако не сте знаеле, Џастин Бибер ја откажа својата турнеја „Justice World Tour“ на почетокот на 2023 година, откако му беше дијагностициран синдромот Рамзи Хант, што може да доведе до парализа на лицето.
Изворот открил и дека покрај откажаната турнеја и детето, пејачот има и многу други трошоци кои го оптоварувале во изминатите години. Финансиските проблеми на Џастин Бибер доаѓаат откако во 2023 година ги продаде правата на својот каталог за 200 милиони долари.
Неговото враќање во музиката треба да биде со нов тим, бидејќи ја прекина соработката со менаџерот Скутер Браун. Менаџерот Браун го објави своето повлекување од музичкиот менаџмент минатото лето, откако претходно ги претставуваше Џастин Бибер, Аријана Гранде и Деми Ловато.
Според последните информации, Бибер сега го застапува адвокатот Мајкл Роудс, кој во минатото застапувал познати личности како Мадона и членови на семејството Кардашијан.
Веста за враќањето на Бибер во музичкиот свет кружи повеќе од четири месеци, доаѓа до јавноста откако музичарот Mk.gee за The New York Times изјави дека пишувал и снимал песни со Џастин Бибер.