Сестрите Кардашиан се евакуирани од домовите, пожарот ја загрози и нивната населба
Сестрите Кардашијан се евакуирани од домовите кои ги поседуваат во Хиден Хилс откако шумскиот пожар во Лос Анџелес му се закани и на нивното соседство.
Ким, Кортни, Клои, Кајли, Кендал, Крис и Роб добија наредба за задолжителна евакуација бидејќи пожарот Кенет се прошири за само неколку часа.
Наредбата за евакуација сега е укината, па не се знае дали се вратиле во своите домови. Сестрите Кардашијан се приклучија на кампањата за помош на пожарникарите и на сите вклучени во гаснењето и запирање на ширењето на пожарот.
Тие одлучија да финансираат оброци кои беа доставени до неколку противпожарни станици во Лос Анџелес, а дополнително, решија да донираат пари на организации кои помагаат во поширокото подрачје на Лос Анџелес во процесот на гасење и справување со пожарите.
Покрај сестрите Кардашијан, домовите мораа да ги напуштат и многу други познати личности кои живеат или престојувале во таа област, а на некои од нив целосно им изгорело буквално се.
Овој пожар принуди евакуација на повеќе илијадници луѓе, а уништени се речиси 40.000 хектари земја, оставајќи илјадници објекти во урнатини.