Зошто Сараево е град кој мора да го посетите

Босна и ХерцеговинаПатување

Главниот град на Босна и Херцеговина е местото каде што Истокот се среќава со Западот, каде планините се среќаваат со градот и каде традицијата се среќава со модерниот свет.

Сараево може не е некоја туристичка атракција, но градот нуди историја каде што се спојуваат австроунгарското и отоманското културно влијание. Град каде што пред вас може да имате и католичка црква, православна црква, синагога и џамија, сето ова го прави да е посебен и еден од ретките градови во светот.

Сараево е компактен град, а најдоброто место за престој е во централниот дел на градот, познат како Башчаршија. Оваа историска населба е совршена за истражување на градот пеш, со своите живи улички, шармантни кафулиња и продавници за занаети.

Башчаршија
Башчаршија

Башчаршија, историското јадро во Сараево, како создадена за љубителите на шетање и урбани авантури. Центарот на градот, претежно е затворен за сообраќај, со шармантни пешачки улички и скриени сокаци во кои ќе налетате на занаетчиски дуќани, традиционални ресторани и кафулиња со автентична атмосфера. Сите главни знаменитости се на дофат на нозе, што ви овозможува совршено да го комбинирате разгледувањето со паузи за кафе или слатки искушенија — а верувајте, тие се речиси невозможно да се одбијат.

Но Сараево не завршува во центарот. Надвор од градската врева, се крие цела палета на дестинации што мора да се посетат. Тунелот на надежта, Националниот музеј, напуштената Боб-стаза од Олимписките игри и регионот Требевиќ  нудат уникатни искуства кои ќе го збогатат секое патување. Доколку не сте со автомобил, нема потреба за грижа — сите овие локации се лесно достапни со такси, Uber, или преку јавниот превоз во градот, кој вклучува автобуси и трамваи.

Особено вреди да се проба жичарата до Требевиќ, која не само што води до останатите атракции, туку и нуди спектакуларна панорама на Сараевската долина што ќе ве остави без здив.

тунел на надежта
тунел на надежта

Тунелот на надежта – подземниот симбол на опстанокот на Сараево

Започнете го денот со посета на едно од најмоќните и најемотивните места во Босна и Херцеговина – Тунелот на надежта. Сместен веднаш до аеродромот на Сараево, овој музеј не е само историска реликвија, туку и жив споменик на човечката волја и отпор. Малку луѓе денес се сеќаваат дека Сараево беше под опсада цели 1.425 дена – од 5 април 1992 до 29 февруари 1996. Тоа е најдолгата опсада на еден главен град во модерната историја. Над 440.000 жители беа отсечени од светот, едиствена конекција на Сараево со надворешниот свет беше токму овој Тунел на Надежта. Нема да најдете луксуз тука – само скромен, мрачен премин и парчиња од историјата кои врескаат гласно во тишина. Ѕидови со куршуми, обувки оставени од бегалци, видеа со вистински сведоштва. Тунелот е долг 800 метри и преку него се транспортирала, храна, лекови, телефони, оружје па дури и љубовни писма.

Зошто Сараево е град кој мора да го посетите
Требевиќ

Требевиќ: Олимписката патека, снег за деца и панорамска гондола

На самиот Требевиќ се наоѓа и напуштената олимписката Боб патека — некогашен симбол на спортот, денес урбано уметничко платно, покриено со слоеви графити. Патеката, иако руинирана, зрачи со носталгија и историја. Овој „бетонски змеј“ низ шумата е магнет за авантуристи, фотографи и љубители на иторијата кој се сеќаваат дека Сараево беше домаќин на Зимските Олимписки игри 1984 година.

До патеката се наоѓа и горната станица на гондолата што ја поврзува срцевината на Сараево со Требевиќ. За само девет минути ќе се издигнете над градската врева и ќе се најдете меѓу снег, борова шума и тишина. Ако времето е ведро, останете до зајдисонце — погледот кон Сараево е спектакуларен.

Ако доаѓате тука во зима, ова место ќе им се допадне и на децата. Во зима Требевиќ е целосно обвиено во снег што го прави атракција за младата популација.

Музеи во Башчаршија

Ако некогаш заскитате низ калдрмата на Башчаршија – историското и културно срце на Сараево – ќе влезете во жив музеј на цивилизации. На секој чекор ќе ве дочека по едно сведоштво за минатото: од османлиската раскош, преку австроунгарската елеганција, до трагедијата на војната од деведесеттите.

Првата станица на оваа духовна мапа е Музејот на Сараево 1878–1918, лоциран токму на аголот каде што Гаврило Принцип го изврши атентатот врз Франц Фердинанд – искра што го запали светскиот пожар на Првата светска војна. Иако мал по површина, музејот е вистински времеплов низ австроунгарскиот период на градот.

Гази Хусрев-Бегова џамија,
Гази Хусрев-Бегова џамија,

Само неколку чекори понатаму, до најпознатата џамија во градот, Гази Хусрев-Бегова џамија, се наоѓа Бруса Безистан – некогашен отомански пазар, денес музеј на урбаното живеење во Сараево. Овој скромен, но впечатлив простор ја доловува шареноликоста на народите, традициите и секојдневието кои го граделе градот низ вековите.

Движејќи се подлабоко во Башчаршија, близу до Катедралата на Срцето Исусово, ќе налетате на еден од најпотресните музеи на Балканот – Музејот на злосторствата против човештвото и геноцидот. На само две улици оддалечен е Еврејскиот музеј, сместен во најстарата синагога во градот. Сараево некогаш било прибежиште за Сефардите протерани од Шпанија.

Латински мост
Латински мост

Следете ги тесните улички на Башчаршија, или ако сакате, одете по Обала Кулина Бана,патот што минува покрај реката Миљачка, додека не стигнете до Латинскиот мост. . На овој судбоносен мост во 1914 година, војводата Франц Фердинанд беше убиен, предизвикувајќи ја Првата светска војна.

Мостар

Мостар Стар Мост
Мостар Стар Мост

Во близина на Сараево на само 2 часа возење, мора да го посетите и градот Мостар. Познат по мостот на Отоманската империја, Стари Мост, меѓу другото тука ќе најдете и босански ресторани, продавници за ситници, џамии. И ако имате среќа, можеби ќе ги видите и познатите скокачи во Мостар, ова е туристичка атракција за која зборува цел свет.

Скокање од мостот во Мостар
Скокање од мостот во Мостар

Ако патувате во Сараево едно нешто е сигурно, а тоа е дека нема да останете гладни. Тука може да ги најдете највкусните ќебапи, мантии, бурек и нивниот специјалитет Босански Лонец, од десерти ги имате преубавите баклави, а за пиење мора да пробате боза.

бурек
бурек