Зошто кучињата сакаат да спијат со своите сопственици?

Домашни МиленициЗанимливости

Дознајте зошто кучињата сакаат да спијат со своите сопственици – причините се поврзани со љубов, доверба, инстинкт и топлина. Не е само навика, туку вистинска емоционална врска.

Многу сопственици на кучиња со време забележуваат една интересна навика кај нивните миленици – тие упорно се „инфилтрираат“ во нивниот кревет. Но, оваа навика не е само прашање на удобност или меко перниче. Причините се многу подлабоки, емотивни и инстинктивни.

Најново видео на TikTok профилот „Happypaws“ нуди објаснување што го стопи срцето на љубителите на кучиња. Според видеото, кога кучето спие со вас, тоа не е обична навика – тоа е израз на љубов, доверба и силна поврзаност.

„Вие не сте само сопственик. За кучето, вие сте семејство. Со тоа што лежи покрај вас, кучето ви вели: ‘Те сакам и се чувствувам безбедно со тебе.’“, стои во објавата.

Еволутивно објаснување

Во дивината, кучешките предци секогаш спиеле заедно – тоа ги штитело од грабливци, ја зачувувало телесната топлина и ја зајакнувало врската во глутницата. Токму тој инстинкт е врежан и денес кај домашните кучиња.

Кога лежат покрај вас во креветот, тие не само што уживаат во топлината – туку ја исполнуваат својата улога на чувари. Кучето чувствува дека треба да ве заштити, дури и додека спие.

„Присуството на сопственикот го претвора креветот во безбедна оаза. Вие сте како ‘живо ќебе’ – топлите, смирувате и даваат чувство на мир“, објаснува авторот на видеото.

🧠 Психолошка поврзаност

Според бројни студии, спиењето со миленик може да има позитивно влијание и за човекот – го намалува стресот, ги ублажува симптомите на анксиозност и дури го регулира срцевиот ритам. За кучето, пак, тоа е начин да остане емоционално блиску со вас.

Зошто кучињата сакаат да спијат со своите сопственици?

Во зимските месеци, оваа поврзаност станува уште поизразена. Кучињата ја бараат топлината, а луѓето – меката, блискоста. И така, креветот станува место на заемно разбирање.