За 15 минути почнува 14 Марш за Правда
За 15 минути почнува 14-тиот марш за правда за починатите и нивните семејства, во Кочани!
Денес во 18 и 05 минути почнува 14-тиот марш за правда за починатите и нивните семејства, во Кочани. Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ денес, 12 јули ќе го одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“ – марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка.
Како што кажавме маршот ќе почне за 15 минути, односно во 18 часот и 5 минути, терминот е одбран вака со тоа што покажува доцна фатална институционална реакција.
Здружението повика на поголема масовност на сите кои се во Кочани, ги повика да се приклучат и да дадат поддршка на овие луѓе:
-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца – невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат. Нека гласот на болката не молчи, истакнуваат од Здружението „16 март 2025 – Кочани“.