Врсници тепале девојче во скопско училиште

ВестиМакедонија

Врсници тепале девојче во скопско училиште, соопштува МВР.

Повторно случај на врсничко насилство во Скопје, овој пат во училиште во скопската населба Кисела Вода. Двајца соученици нападнале девојче, а случајот го пријавила мајката во МВР.

„Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, С.Б.А.(50) од Скопје пријави дека истиот ден во спортска сала во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.