РецептРучекХрана

Вргањ во Путер со широки Шпагети

Направете брз, здрав и вкусен оброк од Вргањ во Путер со широки Шпагети, односно, тестенини и учивајте.

Искористете ја сезоната на свежи печурки и подгответе вкусен ручек кој е готов за само 15 минути.

За овој Рецепт (за 4 лица) е потребно:

  • 500gr широки тестенини или Шпагети
  • 300gr свежи печурки од класата Вргањ
  • 40gr Путер
  • 100ml Крем за Готвење
  • 1 лажичка Суво Оригано
  • 2 лажици Маслиново Масло
  • Сол
  • Бибер

Подготовка на рецептот:

Исчистете ги печурките Вргањ

Со кујнска четка исчистете ги од земја Вргањ печурките, па исечкајте ги на кришки од најмалку 2cm.

Гответе ги тестенините – шпагетите

Широките нудли, односно, Шпагети или тестенини сварете ги според упатството на кесичката.

Спремете го вргањот

Во тавче ставете го путерот и кога ќе се растопи додадете ги маслиновото масло и исечканите Вргањ печурки како кришки.
Промешајте и динстајте на средна топлина околу 3-5 минути.
Додадете го кремот за готвење, зачинете и кратко проварете.

Додадете тестенини

Сварените широки тестенини – Шпагети додајте ги во тавата со приготвените печурки, измешајте.
Послужете додека е топол вргањот, за да го наросите со малку Пармезан и декорирајте со свежо Нане или Магдонос.

Прочитај ме:  Триаголници со Сирење и Спанаќ