Возач од Гостивар, синоќа усмртил пешак
Приведен возач од гостиварско, кој синоќа со возило удри и усмрти пешак.
Уште еден пешак синоќа го изгуби својот живот откако беше прегазен. Како што информираат од МВР, на 04.09.2025 во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол.
По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..
Лицето со иницијали “Г.Б.” било задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.