Во Македонија се размислува да се воведе данок за немажени и неженети

ВестиМакедонија

Денес премиерот на Р. Македонија Христијан Мицкоски во обраќањето на тема „демографска рецесија“, изјави дека сериозно размислува да воведе данок за немажени и неженети.

Денес премиерот зборуваше за една поинаква криза. За една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, a тоа е демографската рецесија. Тој изјави дека “Ова не е проблем само на Македонија. Ова е предизвик на целата Европа, па и пошироко би рекол.”

“Се раѓаат се помалку деца, населението старее, а младите се сè почесто во потрага по подобар живот надвор од границите.
Оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува, го признава и се бори со него.” Премиерот вели дека проблемот со иселувањето е голем, владата го препознава, не го крие, но и работи да го поправи загрижувачкиот тренд.
Но, според него „нашата состојба е посебна“, зашто „додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е аларм“.

Мицковски исто така наведе дека овој проблем го имаме благодарение на предходната влада на Р. Македонија.

Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како на сериозна закана.
Фактите се јасни: Во 2024 година, се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година. Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители- како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5‰ во 2010 година на само 8,8 проценти во 2024. Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение. Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата влада. Мислевме и на ова. На рушење на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција. Затоа денес кажуваме гласно: Оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува. Го признава. И се бори со него, рече премиерот.

Во Македонија се размислува да се воведе данок за немажени и неженети

Потоа посочи дека оваа Влада сериозно размислува да воведе данок за за немажени и неженети, тој вели: “Затоа, нашата борба е: Да го направиме животот овде вреден. Да го направиме мајчинството благослов, а не товар. Да им дадеме на младите причина да останат. Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат. Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение. Но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме- е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети”.