Вистинска приказна за девојката која не сака обврски ама сака да биде обележана
Што значи да сакаш да бидеш „нечија“ само во кревет, но не и во животот? Истражуваме како сопственичкиот кинк (секс без обврски со доминација) може да се усогласи со слободната љубов.
Една девојка од Лондон која сака да остане анонимна ни ракажува за многу девојки кои живеат живот како нејзиниот, сакаат слобода и секс.
„Значи, фобична сум од врски, ама сакам сопственички хики?!“ – го изговорив ова со истата сериозност со која си нарачувам бурито со екстра сирење. Мажот што беше качен над мене замрзна во моментот, ми фрли полу-забавен, полу-загрижен поглед и праша:
„Не одиш на фамилијарна вечера после ова?”
„Токму затоа сакам хики, хики е слободата на животот да имаш редовен сексуален живот без обврски.
Се разбира, не добив хики. Повторно. Затоа, наместо да ги нервирам моите конзервативни роднини со љубовни модринкање на вратот, решив да го направам она што најмногу ги фрустрира: ја објавив мојата секс-колумна на LinkedIn и носам ланце на вратот!
Со години веќе барам хики од љубовници и ги покажувам со гордост, како одликување за сексуална храброст. Но неодамна сфатив дека мојата фасцинација со хики не е само естетска. Не, драги мои, вистината е далеку помалку површна – имам сопственички кинк. Да, сакам да бидам „некому“, барем додека сум гола.
Што е сопственички кинк? Според терапевтката Гиги Енгл, тоа е кога некој се возбудува од идејата да „поседува“ или да биде „поседуван“ – во контекст на доминантно/субмисивна сексуална игра. Може да се појави во долгорочни динамики или само како сцена во кревет. Не мора да биде со камшик и кожа – понекогаш е само валкано шепотење: „Чија е оваа пичка?“ Ако некогаш си одговорил/а на тоа прашање, честитки – веќе си го помирисал територијалниот свет на кинкот.
Иронијата е што, иако сум емоционално алергична на моногамија (види: феминизам, патријархат и мојот бивш кој мислеше дека е мој менаџер), во сексот го сакам токму тоа – да бидам поседувана. Но само таму. Под ќебето, со јазик на мојот врат и рака на мојот вратник.
Секако, ова не значи дека губам контрола или моќ. Напротив. Во кинкот, „сабмисивната“ страна ја диктира играта – затоа што се е договорено, поставено, безбедно. Само тогаш можеш навистина да се пуштиш. Да бидеш нечии петнаесет минути. Или цела ноќ. Но не и животот.
Најубавото во сè? Мојот сегашен љубовник – со кого не сме ниту во врска, ниту се гледаме на состаноци – е човекот кој најмногу ми го почитува просторот. Не ми поставува услови, не бара статус, не ме следи на Instagram.
А токму поради таа слобода, сакам да му се „дадам“ во кревет се што посакува – со хики, со играчки, со шепот: „Ти си моја.“
И не, тоа не значи дека го губам правото на избор. Само значи дека кога ќе побарам хики – добивам проклето хики. Јас сакам само за уживам, може за некој сум чудна, но знам сигурно дека многу девојки и дечковци ги имаат истите барања како мене!