Високи температури го погодија Европскиот континент

ВестиЕвропа

Европа се соочува со нов смртоносен топлотен бран. Над 4.500 луѓе може да починат за само неколку дена, а СЗО предупредува: без итни мерки, бројките ќе растат.

Европа повторно се гуши под нов топлотен бран на екстремни високи темпратури којашто не само што веќе рушат температурни рекорди, туку и предизвикува пожари, здравствени кризи и носат човечки жртви. Според Politico, во наредните денови се очекуваат над 4.500 предвремени смртни случаи, а Светската здравствена организација (СЗО) веќе упати итно предупредување.

46°C во Шпанија – нов јуниски рекорд

Температурите во јужна Европа достигнуваат и до 46°C, што е нов рекорд за месец јуни во Шпанија, конкретно во регионот Хуелва.

Слични услови се регистрирани и во Италија, Грција, Португалија и на западниот Балкан, каде пожарите и загубата на човечки животи стануваат секојдневие.

Хуелва
Хуелва

СЗО предупредува дека е време за сериозни мерки, бидејќи овие смртни случаи се “во голема мера превентибилни”.
Пир Маселот од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина изјави дека топлотниот бран од 30 јуни до 3 јули може да предизвика над 4.500 прекумерни смртни случаи, особено во Италија, Хрватска, Словенија и Луксембург.

„Најлоши ќе бидат вторник и среда“, вели Маселот.

75.000 луѓе годишно умираат од топлотни удари во Европа

СЗО оценува дека топлотата годишно убива повеќе од 175.000 луѓе во европскиот регион – од Исланд до Русија. Ако државите не инвестираат во адаптација кон климатските промени, смртноста ќе продолжи да расте.

Се повторува: топлотните бранови не се случајни, туку директна последица на климатските промени предизвикани од фосилни горива – и тие ќе стануваат сè почести, посилни и посмртоносни.

Во Шпанија, дури 804 градови се под црвено предупредување, според државната метеоролошка агенција Aemet.
Франција, Италија, Португалија и Грција исто така издадоа национални предупредувања.

Во Грција, покрај температурите, проблем е и загадувањето од пожари, особено околу Атина. Во Турција се евакуирани над 50.000 луѓе, главно околу Измир.
Во Албанија се пријавени 26 пожари за само два дена, додека во Србија минатиот четврток е измерен најтоплиот ден од 19. век наваму.

СЗО апелира до граѓаните да останат хидрирани, да избегнуваат излегување во најжешките часови и да го ладат својот дом – особено ранливите групи: стари лица, деца, трудници, хронично болни и работници на отворено.

Вода жешко

Некои лекови, како антидепресиви и лекови за крвен притисок, можат дополнително да го отежнат ладењето на телото, предупредува Марисол Иглесијас Гонзалез од СЗО.

Во анкетата на СЗО од 2022 година, само 21 од 57 европски земји имале национален план за справување со екстремни горештини. Од нив, само 14 се членки на ЕУ.

Иако повеќето држави имаат системи за рано предупредување, здравствените системи и урбанистичкото планирање во многу земји заостануваат.

СЗО најави нов сет на упатства за 2026 година, со фокус на “стратегии за ладење што се насочени кон луѓето” – на локално и регионално ниво.