Видови бакнежи и нивното скриено значење

ВрскаЉубовЉубов и Секс

Дознјате за повеќе видови бакнежи и кое е нивното скриено значење.

Во светот на љубовта, делата кажуваат повеќе од зборовите, а бакнежот, тој интимен гест на нежност, може да открие многу повеќе отколку било кој збор. Некои луѓе зборуваат отворено за емоциите, но има и луѓе за кои бакнежот станува нивен личен јазик на љубовта. Еве што навистина значат различните видови бакнежи:

1. Бакнеж во усни

Значење: Ве сака вистински.
Овој бакнеж е класика – нежен, полн со емоција и искреност. Тој ви кажува: „Те ценам, те почитувам и ми значиш.“

2. Бакнеж во врвот на главата

Значење: Сака да ве заштити.
Кога маж ќе ве бакне на врвот на главата тоа е чин на длабока грижа и посветеност. Тоа не е само љубов, туку чувство на одговорност и приврзаност.

Бакнеж во врвот на главата
Бакнеж во врвот на главата

3. Ти ја бакнува раката

Значење: Флертува со вас.
Самоуверен, шармантен и со стил. Овој бакнеж е знак дека има харизма, дека сака да ве импресионира и дека вие сте центар на неговото внимание.

4. Бакнеж во вратот

Значење: Силна романтична привлечност.
Бакнежот во вратот е тивок, но длабок доказ за желба на интимност. Тоа е инстинктивен чин на привлечност кој не бара зборови.

бакнеж во вратот
бакнеж во вратот

5. Француски бакнеж (со јазик)

Значење: Потполно е опседнат со вас.
Овој бакнеж е огледало на страста, привлечноста и желбата. Ако при тоа ви го допира и лицето, знаете дека сте во неговиот универзум.

6. Бакнеж во образ

Значење: Засега, љубовта не е на хоризонтот.
Пријателски, нежно, но не и романтично. Тоа е бакнеж кој вели: „Ми значиш, но не сум уште заљубен во тебе”

бакнеж во образ
бакнеж во образ

7. Бакнеж покрај окото

Значење: Ве почитува и цени.
Мал, но силен гест на почит, тоа кажува дка многу си му драга.

8. Бакнеж во чело

Значење: Љубов на повисоко ниво.
Овој бакнеж зборува за духовна врска, за длабока емотивна поврзаност. Тоа не е страст, туку почит и преданост.

бакнеж во чело
бакнеж во чело

9. Бакнеж на стомакот

Значење: Удобен е со вас.
Овој гест покажува доверба и прифаќање. Маж кој го бакнува вашиот стомак, ве прифаќа целосно – со сите ваши несовршености и убавини.

10. Бакнеж во гради

Значење: Сака интимна врска со вас.
Овој бакнеж е страстен и интимен. Тоа е доказ дека тој не сака само физичка врска, туку сака малку повеќе од вас…

видови бакнежи