Вејпови поопасни од цигари кажуваат научниците
Нови научни откритија укажуваат дека популарните вејпови испуштаат опасни нивоа на канцерогени метали, дури поголеми од обичните цигари. Истражувањата предупредуваат на сериозни здравствени ризици за младите.
Научниците од Универзитетот Дејвис, Калифорнија, објавија студија во престижното списание ACS Central Science во која тестирале седум различни еднократни електронски цигари од трите најпопуларни брендови: ELF Bar, Flum Pebble и Esco. Резултатите се – биле шок во научната заедница.
Истражувањето открива дека пареата што ја испуштаат овие уреди содржи алармантни нивоа на тешки метали, меѓу кои олово, никел и антимон – познати канцерогени материи. Овие метали се ослободуваат од греачите кои ја претвораат течноста во пареа, а потоа завршуваат директно во белите дробови на корисникот.
“Мислев дека апаратот е расипан – мерењата беа толку екстремни,” вели д-р Марк Салазар, главен автор на студијата.
Еден уред од брендот Esco Bar испуштил 4 до 13 пати повеќе олово за првите 200 вдишувања отколку цела кутија со 20 обични цигари. Сите три тестирани модели содржеле олово и никел во количества над дозволените граници за ризик од рак.
🔴 Оловото е поврзано со рак на бели дробови, мозок и бубрези.
🔴 Никелот – со рак на носот и синусите.
🔴 И двата метали предизвикуваат и респираторни заболувања, вклучувајќи астма и пулмонална фиброза (оштетување на ткивото на белите дробови).
Удар врз срцето
Друга студија објавена во Medical and Life Sciences покажува дека дури и вејпови без никотин негативно влијаат на срцето – го попречуваат протокот на кислород во телото и создаваат сериозен стрес врз кардиоваскуларниот систем.
Ураниум и олово во урина на тинејџери
Истражување од Универзитетот во Небраска покажа дека тинејџерите кои користат слатки вкусови на вејп имаат значително повисоки нивоа на олово и дури и ураниум во својата урина. Сериозен аларм кога станува збор за здравјето во развој.
„Вејп-јазик“ – кога вкусот исчезнува
Покрај канцерогените материи, вејповите предизвикуваат и нешто наречено вејп-јазик – привремено губење или намалување на способноста за осет на вкус, како резултат на “изгорени” рецептори на јазикот од екстремната топлина.
Време е за будење
“Овие уреди се не само полоши од други е-цигари, туку во некои случаи и поопасни од обичните цигари,” вели д-р Брет Паулин, коавтор на студијата.
Иако традиционалните цигари содржат околу 7.000 хемикалии (во споредба со околу 2.000 во вејповите), кај еднократните модели ризикот од специфични отрови како олово и никел е драстично зголемен.
Информиран избор за здравје
Лажната слика за вејповите како „невина“ замена за цигари се распаѓа. Време е за јавна свест, регулација и образување – особено за младите. Во секое облаче пареа може да се крие канцерогена закана која не мириса, но остава последици што траат со години.