Вчера во Скопје измамена жена за голема сума пари
Според информациите од МВР, вчера било пријавено дека жена од Скопје била измамена за висока сума на пари.
Вчера во полициска станица во СВР Скопје, било пријавено дека е измамена 82 годишна старица од Скопје, во извештајот на МВР стои дека:
На 10.07.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден околу 11.00 часот била измамена од едно лице за сума од 90.000 денари. Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека за детето требало да се плати лекување. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место и по некое време сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова не е прв случај, затоа бидете многу внимателни.