Утре последно збогум за Панчо во „Св. Илија“ во Аеродром
Утре ќе се одржи последното збогување со Панчо во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, а погребот ќе биде на гробиштата во Бутел во 13:30 часот.
Утре ќе се одржи последното збогување со Панчо, чија смрт ја потресе јавноста.
Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде што во 9:00 часот ќе започне Заупокоената Литургија.
Изразување сочувство ќе биде можно од 10:00 до 12:00 часот, по што ќе започне Опелото во 12:00 часот.
Погребната церемонија ќе продолжи на гробиштата во Бутел, каде што Панчо ќе биде положен во своето вечно почивалиште во 13:30 часот, објави на Фејсбук неговата сопруга Маја.
Блиските и пријателите упатија пораки на сочувство и благодарност до сите кои во овие тешки моменти ја споделуваат нивната болка.