Уапсени двајца осуденици по потера во Скопје
Двајца осуденици од Скопје се уапсени по полициска потера во близина на Нова Колонија. Прочитајте како се одвивала акцијата била вистинска бркотница!
На 6 октомври 2025 година, во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје.
Осудениците, кои биле на привремен отпуст од КПУ „Идризово“, управувале со патничко возило „Ренџ Ровер“ по улицата „Панче Неделковски“ околу 20:20 часот, но не застанале на даден знак од полицијата и се дале во бегство. Веднаш била организирана потера по возилото, кое се движело кон обиколницата, а потоа и кон регионалниот пат Скопје–Велес.
Полицијата со службено возило „Мазда“ го стигнала „Ренџ Роверот“ во близина на Нова Колонија. Во обид да го избегне апсењето, возачот двапати удрил во полициското возило. Полицаец испукал предупредувачки куршуми во воздух, но осомничените не запреле и продолжиле да се движат додека не излетале од патот.
При прегледот на возилото биле пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила. Н.А. и А.Ј. биле уапсени, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.