Трик за брзо варење на пченка

ДомаќинствоКујнаХрана

Сварете пченка на најлесен начин – без долготрајно вриење! Со овој трик пченката ќе биде совршено сочна и слатка за само 10 минути.

Пченката е класика на летните трпези – без разлика дали ја сервирате како прилог со скара или како главен оброк премачкана со путер. Но, иако на прв поглед изгледа како нешто што „се вари само“, вистината е дека ситни трикови прават огромна разлика. Еден таков, според искусни готвачи, може да ви заштеди време и да имате убава сочна пченка!

Многумина мислат дека пченката мора да врие 30-40 минути за да омекне. Погрешно. Ако долго време ја варите ќе го изгуби вкусот и ќе биде воденеста. Наместо тоа, следете го овој „генијален“ метод:

  1. Изберете голем лонец – колку повеќе простор, толку порамномерно се вари.

  2. Наполнете со вода – 1 литар по пченка.

  3. Доведете ја водата до вриење.

  4. Во меѓувреме, исчистете ја пченката од обвивката и „косичките“.

  5. Штом зоврие, додадете ја пченката, поклопете и веднаш изгасете го шпоретот.

  6. Оставете да стои во топлата вода точно 10 минути.

варење пченка

Оваа температура е идеална – доволно висока да го гелатинизира скробот, но не толку агресивна за да го уништи пектинот кој ги држи зрната цврсти. Резултат? Сочно, слатко, и совршено текстурирано.

Некои готвачи велат – не ставај ништо во водата! Зачините не се апсорбираат при толку кратка термичка обработка. Солта? Додади ја дури на крај.

Но други, како готвачот Ашиш Алфред, инсистираат: сол во водата ја истакнува природната слаткост на пченката. Некои дури додаваат и малку млеко и путер за посебно кремаст вкус, или лимонов сок и шеќер за фина киселост.

Совети за избор и чување на пченка:

  • Барај свежа, светлозелена обвивка, која цврсто го покрива клипот.

  • „Косичките“ треба да се свиленкасти, златно-кафени, а не црни и суви.

  • Чувај ја пченката во фрижидер, за да се забави претворањето на шеќерот во скроб – свежината исчезнува брзо!

За екстра сочно искуство, некои готвачи препорачуваат 30 минути потопување во ладна вода пред варење – наводнување кое дополнително ја омекнува.