Трамп му се заканува на Маск: „Ќе има сериозни последици ако ги финансира демократите“

АмерикаВести

Сè поостра е кавгата меѓу двајца моќници — по јавниот судир на социјалните мрежи, Трамп отворено му се закани на Илон Маск во интервју за NBC.

Во интервју за NBC News, Трамп изјави дека би имало „многу сериозни последици“ доколку Маск одлучи да ги поддржи противниците на републиканците кои гласаа за новиот буџетски закон на ГПО. Иако не прецизираше какви би биле тие последици, претседателот беше јасен: „Ќе мора да плати многу сериозно ако тоа го направи.“

доналд трамп маск

Конфликтот меѓу двајцата е нешто што не е тајна. Откако оваа недела нивниот судир кулминираше преку Twitter (односно X) и Truth Social, Трамп изјави дека нема желба да ја обнови комуникацијата со Маск: „Немам никаква намера да разговарам со него. Претпоставувам дека тоа пријателство е завршено.“

На прашање за нападите од страна на Маск, кој меѓу другото објави (и потоа избриша) постови што го поврзуваат Трамп со Џефри Епстин, претседателот беше краток: „Тоа е стара вест. Дури и адвокатот на Епстин потврди дека немав ништо со тоа.“

Маск жестоко го критикуваше буџетскиот закон „One Big Beautiful Bill Act“ кој го турка ГПО, а кој предвидува масовни кратења и реформи во државната администрација.

доналд трамп елон маскќ

Трамп, пак, тврди дека токму Маск бил информиран за содржината на законот и му помогнал во неговата конструкција.

Трамп отиде и чекор подалеку, алудирајќи дека би можел да ги укине владините договори со компаниите на Маск, особено SpaceX:
„Најлесен начин да заштедиме милијарди е да му ги прекинеме договорите и субвенциите на Маск. Мене секогаш ми беше чудно што Бајден не го направи тоа!“ – напиша на Truth Social.

И покрај сè, Трамп смета дека расправијата им помогнала на републиканците: „Луѓето почнаа да се фокусираат на законот и сфатија колку е добар. Во тој смисол, Маск ни направи услуга. Но мислам дека е тажно што е толку депресивен и скршен.“