Трагедија во Вашингтон: Загина младата гардистка Сара
Дваесетгодишната гардистка Сара Бекстрам почина по пукањето во Вашингтон; еден војник се бори за живот.
Дваесетгодишната припадничка на Националната гарда, Сара Бекстрам, трагично почина од повредите здобиени во вооружениот напад што се случи во центарот на Вашингтон, во близина на Белата куќа. Трагичната вест ја потврди претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на обраќање по повод Денот на благодарноста.
Пукањето се случило во средата, околу 14 часот по локално време, во близина на плоштадот „Фарагут“. Сара и нејзиниот колега, 24-годишниот Ендру Волф, биле застрелани од непосредна близина. Волф сè уште се наоѓа во критична состојба и се бори за живот.
U.S. Army Specialist Sarah Beckstrom
2005–2025
A True American Hero 🇺🇸 pic.twitter.com/fJCIhSNvob
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) November 28, 2025
Полицијата уапси осомничен за нападот – 29-годишниот Рахманулах Лаканвала, државјанин на Авганистан. Мотивите сè уште се испитуваат.
Трамп ја опиша Бекстрам како „млада, почитувана и величествена личност“, додавајќи дека лично разговарал со нејзините родители по објавувањето на веста.
Сара се приклучила на Националната гарда на 26 јуни 2023 година и била распределена во 863. вод на воената полиција, како дел од 111-та инженериска бригада. Доброволно се пријавила да служи во главниот град за време на празничниот период, што уште повеќе го потресе американското општество.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а истрагата за околностите и можните мотиви на напаѓачот продолжува.





