Тоше Зафиров искрено со прашањето: Што се случува со државата?

ВестиМакедонија

Вчера нашиот билдер Тоше Зафор со искрена видео порака праша: Што се случува со нашата држава?

Познатиот македонски бодибилдер Тоше Зафиров вo вчерашното обраќање на Фејсбук порача дека, размислува сериозно да замине од државата на 47 години:

Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени, порача Зафиров.

Оваа идеја да замине од државата е како последица на се што се случува последнава година. Вчера се случи трагедија во Прилеп, каде што се знаело дека човекот монструм имал пиштол, предходно бил проблематичен, но оставен на слобода да изврши убиство.

Зафиров ја спомна и Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, дека е згрозен од тоа некој да тепа и омаловажува жена и да добие само 7 дневен домашен притвор, како другите жени после ова ќе бидат безбедни. Во своето обраќање ги спомена последните сообраќајни незгоди каде загинаа неколку луѓе и секако го спомна и  Кочани, каде за жал изгубивме прекрасни 63 млади деца.

Тој го праша Министерот за Внатрешни Работи, Панче Тошковски кој неодамна беше во Дубаи дали нешто таму го научиле.

– Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено. Тоа може и кај нас да се направи ако се сака, вели Зафиров кој како пример го даде австрискиот Грац каде за една година има НУЛА загинати во сообраќајки, додека во Македонија бројките се драстично поголеми.

Во продолжение погледнете го целосното искрено видео на Тоше Зафиров.


Линк до оригиналното видео:

https://www.facebook.com/zafirovtode/videos/1141611061120569/?rdid=D9oXAyIvRa8xSd6c