Тинејџерка си ги уби родителите, а потоа плачеше на TikTok
Сара Патрик (17) ја шокираше Америка откако беше обвинета за убиство на своите родители, иако месеци претходно глумеше жалост на TikTok.
Во малото гратче во Џорџија, САД, се случи еден од најшокантните и морбидни случаи што ја потресоа американската јавност. Седумнаесетгодишната Сара Патрик е уапсена под обвинение дека во февруари годинава, додека нејзините родители спиеле, ги убила – а потоа месеци наназад лажела на интернет, глумејќи скршена од болка.

Наместо да биде откриена веднаш, Патрик вешто ја манипулирала јавноста: објавувала трогателни видеа на TikTok во кои ги оплакува нејзината мајка Кристин Брок и очувот Џејмс Брок, барала сочувство, па дури стапила во контакт со позната TikTok истражувачка на вистински криминални случаи, со намера да го “расветли” убиството за кое таа самата била одговорна.
На 20 февруари, нивната шестгодишна ќерка – и сестра на Сара – ги пронашла родителите мртви во спалната соба и веднаш ја повикала постарата сестра. Сара ја повикала полицијата и ја започнала својата театарска улога пред јавноста. Властите во почетокот не знаеле дали станува збор за двојно убиство или за убиство и самоубиство, но по неколкумесечна истрага, вистината излегла на виделина.
Минатата недела, Сара Патрик сама се предала во полиција и признала дека ги убила нејзината мајка и очувот. Но мотивот за овој двоен злостор сè уште не е откриен.
Пораките што ги објавувала на социјалните мрежи денес делуваат како мрачен театар на лицемерие. Во едно видео вели:
“Кога некој ќе ме праша за мама и очувот, кажувам дека многу ми недостигаат. Но, ако некој праша нешто подлабоко, едноставно кажувам дека сакам да си одам дома.”
Во друго:
“Кога куќата е празна навечер, постојано мислам колку многу ми фалат.”
Овие лажни емоции ѝ донесоа сочувство од илјадници TikTok корисници, кои не ни сонуваа дека вистинскиот виновник се крие зад екран со солзи од глума.
Полицијата за New York Post потврди дека Патрик соработува во истрагата, но сè уште не објаснила зошто ги убила своите родители. Неофицијално, се разгледуваат можни семејни конфликти, психичко нарушување или желба за ослободување од родителска контрола.