Тешка несреќа кај Хоргош: Загина македонски државјанин, друг тешко повреден

ВестиМакедонијаСрбија

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа на автопатот Нови Сад–Суботица, додека друго лице е тешко повредено. Возилото излетало и се превртело кај Вишњевац.

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица, во близина на населбата Вишњевац, при што животот го загуби државјанин на Северна Македонија, а едно лице е тешко повредено.

Според информациите потврдени од Полициската управа во Суботица за РТС, возилото од марката „KIA“ со македонски регистарски таблички, движејќи се во правец кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот помеѓу клучката кај Жедник и наплатната станица Суботица. По излетувањето, возилото се превртело.

Тешка несреќа кај Хоргош
Тешка несреќа кај Хоргош

Во трагичниот инцидент животот го загубил совозачот Н.А. (39), додека возачот А.А. (60) се здобил со тешки телесни повреди и итно бил префрлен во болницата во Суботица, каде што му се укажува соодветна медицинска помош.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.

Како што информираат од полицијата, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.