Тепачка во Скопје, еден ќе одговара за обид за убиство

ВестиМакедонија

Масовна тепачка во Скопје, тинејџер ќе одговара за обид за убиство!

Според податоците што ги добивме од СВР Скопје, поднесени се осум кривични пријави, за лица  кои учествувале во тепачка во Скопје. Еден од нив ќе одговара поради обид за убиство.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 16.08.2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди.“