Тепачка во парк во Пинтија

ВестиМакедонијаСеверна Македонија

Масовна полноќна тепачка во парк во Пинтија.

Масовна група напаѓачи, завчера во 1 часот по полноќ во парк во скопската населба Пинтија нападнале четворица млади жители на населбата, соопшти полицијата.

„На 19.07.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен А.П.(27) од Скопје. Според пријавеното, А.П. со повредите се здобил околу 1 часот во парк во населбата Пинтија, каде што тој и неговите другари С.С.(26), М.Б.(24) и С.Д. (28) биле физички нападнати од поголема група на лица, кои во нападот употребиле повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.