Таксист се обидел да силува жена наместо да ја однесе дома

ВестиМакедонија

Жена од Илинден пријавила дека таксист се обидел да ја силува за време на ноќно возење. Возачот бил отпуштен, а МВР спроведува истрага за инцидентот.

Во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од општина Илинден пријавила дека на 15 септември, околу 00:30 часот, била нападната од такси возач кој требало да ја превезе до нејзиниот дом.

Според пријавата, возачот наместо да ја однесе на посакуваната дестинација, започнал непристојно да ја допира по телото. Жената успеала да му се спротивстави, по што возачот престанал и сепак ја однел до нејзиниот дом.

Инцидентот бил пријавен и во такси-компанијата каде што возачот работел, по што тој веднаш бил отпуштен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сите околности поврзани со настанот.