Тајната за раскошни ружи ова лето
Сакате да имате расцутани и здрави ружи, тогаш има еден трик кој треба да го знаете.
Дали сте подготвени ова лето да имате градина која ќе ги остави сите без здив? Ако одгледувате ружи – тие величествени кралици меѓу цвеќињата – тогаш постои едноставен, евтин и изненадувачки ефективен трик што ќе го засили нивниот раст и ќе ги направи побујни од кога било.
Како што доаѓаат топлите денови, многу луѓе веќе почнуваат да уживаат во нивното омилено хоби, а тоа е градинарство. Градинарството не е само да се ужива на свеж воздух, тоа е умешност на создавање убавина. А кога станува збор за убавина, ретко кое цвеќе може да се мери со ружите. Но за да блеснат во својата полна слава, потребна им е негата што ја заслужуваат.

Најголемиот сојузник на ружите е кора од банана
Да, добро прочитавте. Она што обично завршува во ѓубре, може да биде најмоќниот сојузник на вашите ружи. Кората од банана е полна со калиум – минерал клучен за цветање, раст и отпорност на болести. Дополнително, таа содржи и азот и фосфор, кои се неопходни за развојот на силни корени и бујно зеленило. Но внимавајте – директното ставање на кора од банана во земјата може да предизвика повеќе штета отколку корист. Таа брзо се распаѓа и привлекува мравки, инсекти и дури и глодари. Наместо тоа, направете природен еликсир за вашите цвеќиња.

Затоа е потребно за направите инфузија за вашите ружи на следниот начин:
Земете 1-2 кори од банана (по можност органски).
Потопете ги во 1 литар вода.
Оставете ги да стојат 48 до 72 часа на собна температура.
Процедете ја течноста и користете ја за наводнување на ружите.
Оваа напивка се користи секои две до три недели, особено во сезоната на цветање. Резултатот? Побујни, поздрави и подолготрајни цветови. Така да наместо да трошите пари на вештачки ѓубрива, свртете се кон природата и повторно искористете го она што инаку би го фрлиле.