Табуле со Киноа
Табуле со Киноа е една неверојатна и супер здрава варијанта на либанска летна салата. Може да ја сервирате како главно јадење, но исто така ќе одговара одлично како прилог за скара или со некои грицки и намази.
Оригиналниот рецепт за Табуле е со свеж Магдонос и Булгур, па ако досега не сте ја пробале оваа салата, ви препорачуваме веднаш да го направите тоа и да се уверите во моќта на ова освежително Табуле!
За овој Рецепт (за 8 лица) е потребно:
- 470 ml Вода
- 180 г Киноа
- 400 гр Црн Грав (конзервиран)
- 1 мала краставица (ситно сечкана)
- 1 помала црвена пиперка (ситно сечкана)
- 10 гранчиња сечкан свеж Магдонос
- 60 ml сок од Лимон
- 2 лажици Маслиново Масло
- ½ лажичка Сол
- ½ лажичка Бибер
Подготовка:
Динстајте/Крчајте:
Во поголемо тенџере зовријте вода и додадете ја киноата. Намалете ја топлината, покријте и динстајте додека киноата не ја впие целата течност. Тргнете го од оган и нежно измешајте ја киноата со вилушка. Префрлете ги во сад и оставете целосно да се излади.
Комбинирајте ги состојките:
Додадете ги гравот, краставицата, пиперките и магдоносот и во помал сад измешајте ги останатите состојки, прелијте ја со салатата и протресете да се измеша добро. Се лади во фрижидер и се сервира.