СВР Куманово го расчисти случајот со пукањето во Куманово

ВестиМакедонија

СВР Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба во Куманово, кој беше споделен на социјални мрежи.

Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (30) и С.М.(25), двајцата од Куманово.

Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол, за коj постои сомнение дека со него пукале на веселбата.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Прочитај ме:  Кинеската мега-брана толку е масивна, што ја забави ротацијата на Земјата